Деспина ќе биде домаќин во Шведска

Исто како и Чаир, уште еден македонски претставник во Европскиот Куп двете средби ќе игра на гостински терен.

Станува збор за Деспина од Прилеп, која се договори со шведскиот противник Скара, двата меча да ги одигра на нивен терен.

Првиот дуел од второто коло во Европскиот Куп е на програмата на 23 октомври од 16:00 часот, додека реваншот е на 24 октомври од 14:00 часот.

Покрај Чаир и Деспина, тимовите на Вардар и Металург ќе ја претставуваат Македонија во Европскиот Куп.