Деспина беше поуспешна од Спартак во драматичен натпревар

Ракометарките на Деспина и Спартак одиграа максимално неизвесен натпревар во рамки на второто коло од Женската лига на кој бодовите ги освои домашната екипа.

Составот од Прилеп не пропушти на свој терен да ја оствари втората победа откако во првото коло славеше над Гевгелија. Деспина триумфираше против Спартак со 21:18.

На почетокот се играше максимално израмнето, двете екипи го менуваа водството а највисоката предност што ја имаше еден тим беше два гола. После голема борба првото полувреме го доби домашната екипа со 8:7.

Во продолжението на мечот Спартак направи 3:0 серија и го презема водството. Сепак, Деспина не дозволи противникот да направи поголема серија и да се одлепи. Сè до последните пет минут беше неизвесно и резултатот најчесто беше нерешен. Спартак поведе 18:17, но од тој момент во завршните минути Деспина постигна четири последователни гола со кои стигна до бодовите.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Ангела Камческа со шест гола, а по пет постигнаа Конеска и Филипоска. Во екипата на Спартак најефикасна беше Ана Марија Коларовска со пет погодоци, а четири постигна Мартина Стефаноска.