Десет ракометарки на унгарски клуб заразени со коронавирус, тренинзите веднаш прекинати!

Десет ракометарки на унгарскиот тим Вац се позитивни на коронавирус и подготовките на овој тим се веднаш прекинати.

Тие започнале со тренинзи на 25 мај, а во последните неколку дена повеќе ракометарки ги имале првите симптоми на коронавирус.

Цел клуб, ракометарки, стручен штаб и раководство направиле тестови, а десет од нив биле позитивни.

Сепак засега сите се во домашна изолација, и како што најавија од клубот, по две седмици, тренинзите повторно ќе продолжат.