Десет исклучувања и два црвени картони – Жилавиот Чаир минимално загуби кај Металург!

Тимот на Металург го доби дербито на 2. коло од Женската лига против екипата на Чаир, откако вечерва славеше во Автокоманда со 27-26.

Иако Металург водеше во текот на целиот меч, сепак Чаир пружи вистински отпор и одигра квалитетен меч. Имаше дури седум исклучувања во нивните редови и два црвени картони за Марија Николовска и Ана Марија Божиновска. Домаќинките заработија три исклучувања.

Беше нерешено само во првиот дел, 1-1 и 7-7, а во финишот на полувремето домашните ракометарки стигнаа до плус четири, 11-7. Имаа и 15-11, но сепак на пауза заминаа со плус три, 15-12.

Во второто полувреме упорните гостинки не се откажуваа од борбата за пресврт. Намалија на минус еден, 24-23, но потоа лесно ги прококцаа шансите, и Металург се одлепи на 27-23.

Токму во моментите кога Чаир се враќаше во игра, во период од две остана без главните ракометарки во напад. Поради три исклучувања црвени картони добија Божиновска и Николовска.

Домаќинките наместо да ја обезбедат победата во тој период, им дозволија на гостинските ракометарки да внесат драма во финишот. Чаир намали на 27-26 и внесе немир кај Металург, но немаше време за нешто повеќе и мечот заврши со тој резултат.

Најдобри стрелци кај победникот беа Божиновска со шест голови, а по четири постигнаа Тасевска, Арсениевска и Дамчевска. Кај Чаир се истакнаа Анастасија Николовска со десет голови и Рахмани со шест погодоци.