Ракометарите на Голден Арт одиграа одличен натпревар и лесно обезбедија место во групната фаза од Купот на Македонија.
Избраниците на Никола Матлиески без особени проблеми го совладаа Партизан Гевгелија со 41-19, откако и на полувреме имаа висока залиха, 20-12.
Шанса за настап кај домаќините во вториот дел добија оние што имаат помала минутажа, но сликата на теренот не се смени воопшто.
Најдобар стрелец кај победникот беше Есад Дрпљанин со десет погодоци, а шест постигна Марио Миланов. Кај гевгеличани се истакнаа Тодор Узунчев со седум и Горан Лисичков со шест гола.
Куп на Македонија, елиминациско коло:
*прочитајте го извештајот од секој натпревар со клик на резултатот
Охрид – Преспа 38-21
Металург – Јехона 44-22
Голден Арт – Партизан Гевгелија 41-19
Пролет – Кичево 51-21
Јуниор КВ – Куманово 32-29
Скопје – Текстилец 35-19
Работнички – Драчево 25-30
Македонија Ѓорче Петров – Струга 26-37
Еурофарм Пелистер 2 – Металург РА 38-18
Астраион – Прилеп 25-37
Борец – Тиквеш 26-35
Бутел Скопје – Вардар Неготино 35-25
Шампион – Еурофарм Пелистер 13-40
Аеродром – Младост Богданци 29-24
Алкалоид – Радовиш 39-27