Десетка за Барселона – Каталонците го запоседнаа европскиот трон

Екипата на Барселона очекувано и заслужено дојде до победа во финалето на Ф4 турнирот во Келн откако во финалето беше надигран и совлада тимот на составот на Алборг со 36:23.

Натпреварот тргна лошо за тимот на Барселона. Од почетокот работите не одеа најдобро, а Алборг го користеше ова за ад дојде до лесни погодоци и до предност. Во 7. минута од натпреварот резултатот беше 2:5 и тука веќе беше јасно дека ќе мора да се засили ритамот.

Сето она што не беше добро во првите седум минути набрзина беше поправено. Серијата од 7:0 која траеше до 16. минута веќе беше решено сè. Направената предност од четири гола разликата овозможи тимот на Барселона да се најде во одлична позиција, а искуството само овозможи до крајот на првиот дел да се дојде до 16:11.

Второто полувреме веќе беше формалност. Ова беше 30 минути за кои и нема што посебно да се објаснува бидејќи Барселона контролираше, а Алборг се трудеше да дојде до шанса за погодок при што многу лесно и се грешеше.

Победата и титулата почнаа да се слават многу рано. Уште во 40. минута беше 24:15 така што можеше само да се чека крајот. Алборг ризикуваше, а играњето без голман само овозможи да се дојде и до двоцифрена предност. Првпат десет гола разлика беше во 46. минута кога резултатот беше 28:18, а потоа во финишот предноста стана и поголема.

На крајот беше плус 13 за конечни 36:23 со што може добро да се види каков беше распоредот на силите на теренот во последните 60 минути од Лигата на шампионите во машка конкуренција за оваа сезона.

Гомез Абељо ги водеше стрелците со девет гола, а зад него останаа Н’Гесан со шест и Циндриќ со пет гола. Во Алборг, Сандел успеа да постигне осум гола.