Дербито меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се игра в недела

Екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер ќе го имаат својот трет натпревар од почетокот на оваа сезона, но овој ќе биде во битка за првото место на табелата. Тимовите на Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се соочат во СЦ „Јане Сандански“ и ова ќе биде показател колку двете екипи имаат промени во формата од Супер купот на Македонија и финалето од турнирот во Струга.

Ова ќе биде дуел од 4. коло од Супер машката лига, а двете екипи во моментов имаат максимален број на бодови така што сега се очекува да се види кој тим ќе може на максимум после одигрувањето на средбата.

Вардар пред овој натпревар ќе го одигра дуелот против Мешков Брест, а истиот се игра утре од 20:45 часот. Еурофарм Пелистер уште нема натпревари во европските купови бидејќи групната фаза во Лигата на Европа почнува во октомври.

Натпреварот в недела во „Јане Сандански“ е закажан во 18 часот.