Дербито за најдобрите: Начевски и Николов ќе го судат двобојот Вардар – Еурофарм Пелистер

Утре ќе се игра првото големо дерби во македонската Суперлига меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер.

Како и Суперкуп дуелот, финалето на Струшкиот турнир, финалето на Купот и минатосезонските два двобои меѓу овие две екипи, така и овој дуел ќе го суди најдобрата судиска двојка.

Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се делегирани да ја делат правдата на натпреварот, а делегат ќе биде Kамер Металари.

Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот.