Ден за проверка и за контролни натпревари

Неколку екипи денеска ќе имаат нова контрола и ќе одиграат натпревари низ Македонија. Според распоредот на натпревари кој се има денеска ќе има средби во Скопје, Куманово и Охрид.

Во Скопје Металург ќе има загревање за реваншот против Спачва во Лигата на Европа. На терен ќе бидат против КЛ 7 и ова ќе биде убав натпревар за да може да се одржи ритамот пред гостувањето во Хрватска. Секако и добра можност за младите момци од КЛ 7 да се тестираат против тим којигра во европските купови.

Средба ќе има и меѓу Пролет 62 и Прилеп, а во Охрид ќе има езерско дерби. Составот на Струга ќе му гостува на Охрид и тука ќе има што да се види на теренот бидејќи ова е еден од последните тестови пред стартот на сезоната.

Кај дамите има натпревар меѓу Куманово и Вардар. Овие две екипи ги одмерија силите пред неколку дена во Скопје, а денеска ќе играат во Куманово.

КОНТРОЛНИ НАТПРЕВАРИ

МАЖИ

Пролет 62 – Прилеп

Металург – КЛ 7

Охрид – Струга

ЖЕНИ

Куманово – Вардар