ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Шпанија и Чешка ја отвораат втората фаза на ЕП

Од денеска Европското првенство влегува во втор дел, а натпреварите ќе се играат во Австрија и во Шведска. Групата 1 во која требаше да биде и Македонија продолжува во Виена каде што на програмата се три интересни дуели.

Први на терен ќе бидат Шпанците и Чесите кои ќе го отворат вториот круг на шампионатот.

Ќе биде интересно и на следниот меч меѓу Хрватска и Австрија, како и потоа меѓу Белорусија и Германија.

Денеска стартуваат средби и на шампионатите на Африка и на Азија така што ќе биде ден преполн со репрезентативни натпревари.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

10:00ч

ДР КОНГО – КЕНИЈА (Првенство на Африка)

БС КОСКА – КАМЕРУН (Првенство на Африка)

11:00ч

НОВ ЗЕЛАНД – БАХРЕИН (Првенство на Азија)

12:00ч

АЛЖИР – ЗАМБИЈА (Првенство на Африка)

МАРОКО – КОНГО (Првенство на Африка)

13:00ч

КИНА – КАТАР (Првенство на Азија)

14:00ч

АНГОЛА – НИГЕРИЈА (Првенство на Африка)

ЕГИПЕТ – ГВИНЕЈА (Првенство на Африка)

15:00ч

АВСТРАЛИЈА – ЈУЖНА КОРЕЈА (Првенство на Азија)

16:00ч

ШПАНИЈА – ЧЕШКА (Европско првенство 2020)

ГРУЗИЈА – ФИНСКА (Квалификации за ЕП 2022)

ГАБОН – ЛИБИЈА (Првенство на Африка)

СТАВРОПОЛ – ЦСКА МОСКВА (Русија, Супер лига, жени)

18:00ч

ИРАК – КУВАЈТ (Првенство на Азија)

БОДЕН – СКУРУ (Шведска 1, жени)

18:15ч

ХРВАТСКА – АВСТРИЈА (Европско првенство 2020)

18:30ч

ТУНИС – ЗЕЛЕНОРТСКА РЕПУБЛИКА (Првенство на Африка)

19:00ч

МИТЈИЛАНД – СКИВ (Данска 1)

19:30ч

ЛУКСЕМБУРГ – ЕСТОНИЈА (Квалификации за ЕП 2022)

20:30ч

БЕЛОРУСИЈА – ГЕРМАНИЈА (Европско првенство 2020)