Денеска на терените: Франција и Шпанија наострени за реванш

Репрезентациите на Франција и на Шпанија денеска се подготвуваат на терен да излезат со желба да им се реваншираат на своите ривали за поразите од пред неколку дена.

Французите загубија на гостувањето во Србија во рамки на квалификациите за ЕП 2022, а денеска имаат шанса да вратат и да дојдат до бодови со кои ќе останат на добра позиција во трката за пласман на Европското првенство. Тоа не би требало да биде проблем, но ќе мора и да се одработи.

Според програмата за одигрување на средбите денеска на терен се и Шпанија и Хрватска во ЕХФ Евро купот.

И тука има желба за реванш бидејќи составот на Шпанија  претрпе пораз. Сега желбата е да се дојде до триумф и да се покаже дека европскиот првак е во добра форма пред заминување на Светското првенство во Египет.

Ова сигурно ќе биде интересна средба во која нијанси ќе решаваат за победникот.

Денеска на терен се враќаат и дамите во Лигата на шампионите, а се играат пет натпревари.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

11:00ч

МАЛОМЕРИЦЕ – ЛОВОСИЦЕ (Чешка, Екстралига)

13:30ч

ИКАСТ – ЗВЕЗДА ЗВЕНИГОРОД (Лига на Европа, жени)

14:00ч

БАЈА МАРЕ – СТОРХАМАР (Лига на Европа, жени)

АИК – ЛИНДЕСБЕРГ (Шведска 2)

15:00ч

СКАНДЕРБОРГ – АРХУС (Данска 1, жени)

ХАЛБИ – ЕСЛОВ (Шведска 2, жени)

НАЦКА – ХЕЛСИНБОРГ (Шведска 2, жени)

СКАНЕЛА – КАРА (Шведска 2, жени)

16:00ч

ЦСКА МОСКВА – БРЕСТ (Лига на шампиони, жени)

ФТЦ РАИЛ КАРГО – ЧСМ БУКУРЕШТ (Лига на шампиони, жени)

ОДЕНЗЕ – ПОДРАВКА (Лига на шампиони, жени)

КАСТАМОНУ – ЛУБЛИН (Лига на Европа, жени)

ЛАДА ТОЉАТИ – НАНТ (Лига на Европа, жени)

КАРЛСКРОНА – АНДЕРСТОРПС (Шведска 2)

ТОРСЛАНДА – КУНГАЛВС (Шведска 2)

АИК – ТИРЕСО (Шведска 2, жени)

16:15ч

ТИРЕСО – ВИНСЛОВ (Шведска 2)

17:00ч

ЦУГ – ТУН (Швајцарија 1, жени)

17:15ч

СКАНЕЛА – КАРА (Шведска 2)

18:00ч

ШПАНИЈА – ХРВАТСКА (ЕХФ Евро куп)

БУДУЌНОСТ – БОРУСИЈА ДОРТМУНД (Лига на шампиони, жени)

КРИСТИЈАНСАНД – ЕСБЈЕРГ (Лига на шампиони, жени)

ШИОФОК – КРАСНОДАР (Лига на Европа, жени)

18:30ч

БОДЕН – КУНГАЛВС (Шведска 1, жени)

19:00ч

ФРАНЦИЈА – СРБИЈА (Квалификации за ЕП 2022)

20:00ч

ПОЛСКА – ТУРЦИЈА (Квалификации за ЕП 2022)