Денеска на терените: Учесниците на Олимпијадата ги имаат последните контроли

Репрезентациите кои се дел од Олимписките игри ги имаат последните контролни средби пред стартот на игрите.

Денеска точно во 9 часот по македонско време или 16 по јапонско се среќаваат женските селекции на Јапонија и Франција. Тоа е единствениот дуел за денеска, додека за утре има уште две контролни средби.

Утре во 8 часот наутро ќе има двоен дуел меѓу Норвешка и Шведска. На терен ќе бидат и машките и женските репрезентации.