ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Србија по пласман во втората фаза на младинското СП

На денешната програма на Светското младинско првенство во Грција и Германија ќе има вкупно осум дуели.

По вчерашното одиграно прво коло, денес ќе се игра второто коло, во кое нема многу возбудливи натпревари, па се очекува фаворитите да одиграат според планот и да запишат нови бодови.

Репрезентацијата на Србија, која во првото коло беше убедлива против Чиле, славеше со 41:13, денес повторно има ривал по мерка, ќе се соочи со Мароко.

По втора победа ќе атакуваат и репрезентациите на Исланд, Португалија, Египет, Грција, Германија, Бразил и Тунис.

Распоред на денешните натпревари

12:15 ИСЛАНД – ЧИЛЕ

13:15 КОСТАРТИКА – ПОРТУГАЛИЈА

14:30 САУДИСКА АРАБИЈА – ЕГИПЕТ

15:30 ЛИБИЈА – АЛЖИР

17:00 ГРЦИЈА – КУБА

18:00 ГЕРМАНИЈА – ТУНИС

19:15 МАРОКО – СРБИЈА

20:15 БРАЗИЛ – КУВАЈТ