Денеска на терените: Сите погледи кон „Борис Трајковски“, Македонија игра против светскиот првак

Машката сениорска репрезентација на Македонија од денеска стартува со нова ера и под водство на Кирил Лазаров, кој ќе биде со улога на играч-селектор, а првиот натпревар ќе биде против селекцијата на Данска која доаѓа во Скопје како актуелен светски првак.

На натпреварот кој се игра од 20 часот во салата во СЦ „Борис Трајковски“ се очекува нешто ново во играта на Македонија и дефинитивно да се види како ќе се одвива играта. Ова е дуел на кој може многу да се добие бидејќи со бодови би се направил чекор напред кон пласман на Европското првенство.

Затоа сите погледи денеска се кон СЦ „Борис Трајковски“ каде што сигурно ќе имав ракомет, но денеска истиот ќе може да се следи само пред ТВ приемниците.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

16:00ч

КРАСНОДАР – ЛУЧ (Русија Супер лига, жени)

СТАВРОПОЛ – ЗВЕЗДА ЗВЕНИГОРОД (Русија Супер лига, жени)

ЛАДА ТОЉАТИ – АСТРАХАНОЧКА (Русија Супер лига, жени)

17:00ч

ФИНСКА – ШВАЈЦАРИЈА (Квалификации за ЕП 2022)

20:00ч

МАКЕДОНИЈА – ДАНСКА (Квалификации за ЕП 2022)