Денеска на терените: Почнува сезоната во Бундес лигата, Кузмановски и Томовски на терен

Покрај натпреварите од Лигата на шампионите кои денеска ќе се одиграат од 3. коло, на терен конечно се појавуваат и ракометарите кои се дел од Бундес лигата.

Првиот ден од октомври е резервиран за средбите во Германија каде што на терен излагаат и Филип Кузмановски со Хановер и Мартин Томовски со Лудвигсхафен.

Ова ќе биде интересен ден бидејќи денеска и Кирил Лазаров со Нант има возбудлив натпревар против Барселона така што тоа ќе донесе уште еден дуел на кој вреди да се посвети внимание.

Воедно денеска ќе има средби и од Златната лига на репрезентации во женска конкуренција што е само најава за интересен ден полн со убави натпревари.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

17:45ч

ФРАНЦИЈА – ЦРНА ГОРА (Златна лига, жени)

18:00ч

ШВЕДСКА – ПОЛСКА (Пријателски натпревар, жени)

18:15ч

ГЕРМАНИЈА – ХОЛАНДИЈА (Пријателски натпревар, жени)

19:00ч

ХАНОВЕР – МИНДЕН (Германија Бундес лига)

ЛАЈПЦИГ – ЛУДВИГСХАФЕН (Германија Бундес лига)

ЛЕМГО – КОБУРГ (Германија Бундес лига)

МАГДЕБУРГ – БЕРГИШЕР (Германија Бундес лига)

САВЕХОФ – ОНЕРЕД (Шведска 1)

ВАРБЕРГ – РЕДБЕРГСЛИД (Шведска 1)

20:00ч

ДАНСКА – НОРВЕШКА (Златна лига, жени)

ДАНКЕРК – ИСТР (Франција 1)

ЛИМОЖ – КРЕТЕЈ (Франција 1)

20:45ч

ЦЕЛЈЕ – КИЛ (Лига на шампиони)

ЕЛВЕРУМ – КЕЛЦЕ (Лига на шампиони)

НАНТ – БАРСЕЛОНА (Лига на шампиони)

21:30ч

ГРОТА – АФТУРЕЛДИНГ (Исланд 1)