Денеска на терените: На СП се дели последната четврт-финална виза

Откако вчера финишираа натпреварите во Групите 3 и 4 денеска на Светското првенство во Египет завршуваат и пресметките во Групите 1 и 2 со што завршува делот од разигрување и шампионатот влегува во завршницата во која следуваат двобои за пласман во битката за медалите.

Веќе се познати седум селекции кои ќе играат во четврт-финалето, но остануваат две дилеми кои треба да бидат решени денеска.

На двобојот меѓу Шпанија и Унгарија денеска ќе стане јасно кој состав ќе влезе во четврт-финалето како првопласиран од Групата 1, а кој од второто место. Воедно во Групата 2 три селекции конкурираат за второто место, а одговорот ќе биде добиен можеби уште при играњето на двобојот меѓу Аргентина и Катар. Третата селекција која е во конкуренција е Хрватска. Сепак, само една останува во Египет и во следните денови.

Денеска контролни средби ќе одиграат и составите на Еурофарм Пелистер и Металург. Битолчани играат со Горица во Хрватска, додека Металург го пречекува составот на Беса.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

15:30ч

БАХРЕИН – ЈАПОНИЈА (Светско првенство)

БРАЗИЛ – УРУГВАЈ (Светско првенство)

16:00ч

КИШВАРДА – КИШПЕШТ (Куп на Унгарија, жени)

18:00ч

АРГЕНТИНА – КАТАР (Светско првенство)

ШПАНИЈА – УНГАРИЈА (Светско првенство)

ТУНИС – АНГОЛА (Светско првенство)

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ГОРИЦА (Пријателска средба)

19:00ч

МЕТАЛУРГ – БЕСА ФАМГАС (Пријателска средба)

ИФК ИШТАД –ХАЛБИ (Шведска 1)

САВЕХОФ – ХОВДЕ (Шведска 1, жени)

20:00ч

РЕДБЕРГСЛИД – МАЛМЕ (Шведска 1)

20:30ч

ДАНСКА – ХРВАТСКА (Светско првенство)

ПОЛСКА – ГЕРМАНИЈА (Светско првенство)