ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонија стартува со контролите, Кувајт е прв тест

Репрезентацијата на Кувајт, која се наоѓа во Стара Пазова денеска ќе биде ривал на Македонија во првиот од двата дуели на кои ќе се направи контрола на играчите кои се најдоа во составот за овие дуели и за гостувањето во Романија на „Трофеј Карпати“.

Денеска се игра првиот меч, а веќе утре се игра и вториот дуел против истиот противник така што денеска е првата можност за ракометарите да се наметнат со игрите за настап во националниот тим на Европското првенство.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

19:00ч

МАКЕДОНИЈА – КУВАЈТ (Пријателска средба)