Денеска на терените: Македонија на нова контрола, Израел е следниот предизвик

Репрезентативците на Македонија денеска ќе имат можност за нова контрола, а таа ќе биде против селекцијата на Израел.

Натпреварот денеска се игра од 18 часот во Скопје во салата во СЦ „Борис Трајковски“, а ова ќе биде можност да се види до каде е формата после речиси две недели подготовки.

Ова е првиот од двата натпревари, а вториот се игра утре исто така против Израел. Воедно тоа ќе бидат последните тестови бидејќи до заминувањето за Унгарија само ќе се тренира.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

18:00ч

МАКЕДОНИЈА – ИЗРАЕЛ (Пријателска средба)

19:00ч

САВЕХОФ – КАРА (Шведска 1, жени)

СКУРУ – ОНЕРЕДС (Шведска 1, жени)