Денеска на терените: Кадетките против Косово за победа за убав старт на ЕХФ шампионатот

Женската селекција во кадетска конкуренција на Македонија денеска ќе го одигра својот прв натпревар на ЕХФ шампионатот во Литванија против селекцијата на Косово.

Македонија ќе влезе како фаворит на овој дуел и се очекува да нема поголеми проблеми за да дојде до успешен резултат на овој натпревар.

Доколку оди сè според планот тогаш денеска се чека Македонија да се избори за победа и да тргне успешно на овој шампионат каде што може да се игра и да се бара пласман во полуфиналето.

Натпреварот се игра во Клаипеда, а почнува во 18 часот.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

12:00ч

ИСЛАНД – ТУРЦИЈА (ЕХФ шампионат за кадетки)

14:00ч

ФРАНЦИЈА – ГЕРМАНИЈА (ЕП за кадетки)

ШВЕДСКА – РУСИЈА (ЕП за кадетки)

БЕЛОРУСИЈА – ЛЕТОНИЈА (ЕХФ шампионат за кадетки)

16:00ч

РОМАНИЈА – ЧЕШКА (ЕП за кадетки)

СЛОВЕНИЈА – ХРВАТСКА (ЕП за кадетки)

ШПАНИЈА – ФИНСКА (ЕХФ шампионат за кадетки)

18:00ч

МАКЕДОНИЈА – КОСОВО (ЕХФ шампионат за кадетки)

ЦРНА ГОРА – ШВАЈЦАРИЈА (ЕП за кадетки)

УНГАРИЈА – НОРВЕШКА (ЕП за кадетки)

20:00ч

ДАНСКА – АВСТРИЈА (ЕП за кадетки)

СЛОВАЧКА – ПОРТУГАЛИЈА (ЕП за кадетки)