ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Кадетите ќе тестираат против Унгарија, слободен ден на ЕП во Романија

Машката кадетска репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките пред настапот на Светското првенство во Хрватска.

Ракометарите на Раде Стојановиќ денес и утре ќе тестираат против репрезентацијата на Унгарија.

Дуелите со кадетите на Унгарија ќе бидат вистинска проверка на силите, бидејќи унгарската репрезентација минатата година беше четврта на Европското првенство во Црна Гора.

Првиот пријателски меч меѓу Унгарија и Македонија е закажан за 16:00 часот додека задутре во истиот термин е вториот двобој.

На Европското младинско првенство во Романија има слободен ден, па така денес ќе се игра само на ЕХФ шампионатите во Литванија и Косово.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

12:00 ТУРЦИЈА – БУГАРИЈА (ЕХФ ШАМПИОНАТ)

12:15 ЛЕТОНИЈА – ИЗРАЕЛ (ЕХФ ШАМПИОНАТ)

14:15 ШПАНИЈА – ФАРСКИ ОСТРОВИ (ЕХФ ШАМПИОНАТ)

14:30 СЛОВАЧКА – ИТАЛИЈА (ЕХФ ШАМПИОНАТ)

16:00 УНГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ)

16:30 СЛОВЕНИЈА – ЕСТОНИЈА (ЕХФ ШАМПИОНАТ)

16:45 АВСТРИЈА – ПОЛСКА (ЕХФ ШАМПИОНАТ)

18:45 ЛИТВАНИЈА – БИХ (ЕХФ ШАМПИОНАТ)

19:00 ФИНСКА – КОСОВО (ЕХФ ШАМПИОНАТ)