Денеска на терените: Кадетите третпат на контрола, следува дуел со Црна Гора

После двете успешни контроли против репрезентацијата на Италија, машката кадетска репрезентација на Македонија денеска ќе има нов натпревар, а противник е составот на Црна Гора.

Ова ќе биде првата од двете средби и нова можност момците да се покажат на дело и да ги потврдат квалитетите уште еднаш.

Натпреварот се игра во Охрид, а почетокот е во 19 часот.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

09:15ч

НОРВЕШКА – ЈУЖНА КОРЕЈА (Олимписки игри, жени)

12:30ч

ШПАНИЈА – ШВЕДСКА (Олимписки игри, жени)

14:30ч

УНГАРИЈА – ФРАНЦИЈА (Олимписки игри, жени)

18:00ч

ФРАНЦИЈА – ПОРТУГАЛИЈА (Пријателска средба, кадети)

19:00ч

ЦРНА ГОРА – МАКЕДОНИЈА (Пријателска средба, кадети)