Денеска на терените: Кадетите на контрола против Италија

Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска ќе ја има првата контрола пред ЕХФ шампионатот кој ќе се одигра во Скопје.

Ракометарите се на подготовки во Охрид, а таму денеска доаѓа составот на Италија против кој ќе има натпревари во текот на утрешниот ден.

Денеска натпревар имаат и женските репрезентации на Франција и Црна Гора за кои ова е генералка пред Олимписките игри.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

12:30ч

ФРАНЦИЈА – ЦРНА ГОРА (Пријателска средба, жени)

18:30ч

МАКЕДОНИЈА – ИТАЛИЈА (Пријателска средба, кадети)