ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Еурофарм Пелистер по прв сезонски триумф во СЕХА!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска ги очекува вториот натпревар во групната фаза од регионалната СЕХА лига.

Македонскиот вицепрвак ќе биде гостин во Нашице кај екипата на Нексе, која исто така ќе атакува на првата победа во регионалното натпреварување.

Избраниците на Ларс Валтар по поразот во првото коло од Војводина, денес немаат друг избор освен победа и ќе треба да го дадат максимумот, бидејќи Нексе секогаш бил тврд ривал на домашен терен.

Натпреварот меѓу Нексе и Еурофарм Пелистер ќе се одигра со почеток од 18:00 часот.

Денес низ Европа ќе се игра во шампионатите во Италија, Русија, Турција, Унгарија…Дерби ќе има во унгарскиот шампионат каде ќе се сретнат екипите на Ференцварош и Татабања.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

14:00 ЈОМИ САЛЕРНО – ФЕРЕРА (ИТАЛИЈА)

15:00 ДИНАМО – САРАТОВ (РУСИЈА)

16:00 САКАРИЈА – СПОР ТОТО (ТУРЦИЈА)

16:00 КОНВЕРЗАНО – БОЗЕН (ИТАЛИЈА)

17:00 БЕШИКТАШ – ТРАБЗОН (ТУРЦИЈА)

18:00 НЕКСЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (СЕХА ЛИГА)

18:00 ПОНТИНИА – ПАДОВА (ИТАЛИЈА)

18:00 ФТЦ – ТАТАБАЊА (УНГАРИЈА)

18:15 АРЕНДАЛ – ЕЛВЕРУМ (НОРВЕШКА)

20:00 БРИКСЕН – КАСАНО (ИТАЛИЈА)