Денеска на терените: Дербито во Токио останува за крај на денот

Покрај двата ноќни дуели остануаат уште два кои ќе се одиграат од 10 и од 13:45 часот, а вториот е особено интересен бидејќи на него силите ќе ги одмерат составите на Франција и Холандија.

Ова се две репрезентации кои се со приближен квалитет и од кои може да се очекува интересен натпревар.

Прогнозите се неблагодарни така што сигурно ќе се следи убав натпревар.

На првиот дуел, Шведска е фаворит за победа против Јужна Кореја и секој резултат освен победа од над пет погодоци би бил изненадување според формата прикажана во досегашниот дел од Олимписките игри.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

10:00ч

ШВЕДСКА – ЈУЖНА КОРЕЈА

13:45ч

ФРАНЦИЈА – ХОЛАНДИЈА