ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардар брка нова победа во СЕХА лигата

Ракометарите на Вардар денес на свој терен ќе го пречекаат словачкиот шампион Татран Прешов во рамки од 3. коло од групната фаза во регионалната СЕХА лига.

Избраниците на Владо Недановски во досегашниот тек од новата сезона во СЕХА лигата имаат забележано една победа и еден пораз, а токму од тимот на Татран Прешов беа поразени на почетокот во регионалното натпреварување.

Вардарци доколку посакуваат освојување на првото место во групата, на денешниот дуел ќе треба да го дадат максимумот и да триумфираат со пет гола разлика, но и во последното коло, против тимот на Партизан, да не направат кикс.

Дуелот меѓу Вардар и Татран Прешов се игра денеска во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот.

Освен во СЕХА лигата, денес ќе се игра во шампионатите во Франција, Словенија, Шпанија, Израел, Унгарија, Србија, Шведска…

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

14:00 ХАПОЕЛ РИШОН ЛЕ ЗИОН – БНЕИ ХЕРЦЛИЈА (ИЗРАЕЛ)

14:00 ХОЛОН – ХАПОЕЛ АШДОД (ИЗРАЕЛ)

16:30 ДИНАМО БУКУРЕШТ – ОДОРХЕИ (РОМАНИЈА)

18:00 ВАРДАР – ТАТРАН (СЕХА ЛИГА)

18:00 МЕДИЦИНАР – НИШ (СРБИЈА)

18:00 КРКА – ГРАДЕЦ (СЛОВЕНИЈА)

18:30 ФУКСЕ – АЛПЛА (АВСТРИЈА)

18:30 ТАТАБАЊА – ФАРКАСОК (УНГАРИЈА)

19:00 КА – ВАЛУР (ИСЛАНД)

19:00 ТРИМО – КРШКО (СЛОВЕНИЈА)

19:00 ХЕЛСИНГБОРГ – МАЛМЕ (ШВЕДСКА)

19:30 КРЕМС – ТИРОЛ (АВСТРИЈА)

20:00 ИСТР – СЕНТ РАФАЕЛ (ФРАНЦИЈА)

20:00 МОНПЕЛЈЕ – ТУЛУЗ (ФРАНЦИЈА)

20:00 ГВАДАЛАХАРА – ГРАЊОЛЕРС (ШПАНИЈА)

20:30 ИВРИ – ШАМБЕРИ (ФРАНЦИЈА)

20:30 ФРАМ – КОПАВОГС (ИСЛАНД)

21:30 КАНГАС – БИДАСОА (ШПАНИЈА)