Дебрецен ќе плати казна за расистичките извици кон Ниомбла

Унгарската ракометна федерација објави дека Дисциплинската комисија одлучила да му изрече парична казна на Дебрецен.

Поради инцидентотот со расистички извици кон Гнонсиан Ниомбла на натпреварот помеѓу Дебрецен и Шиофок, домаќинот е казнет со парична казна во износ од половина милион форинти што е околку 2.000 евра.

Претходно, по натпреварот од првенството на Унгарија кога се случил инцидентот, раководството на Дебрецен се извини за постапките на навивачите на официјалната веб страна и истакна дека е невозможно да се идентификуваат сторителите со видео и аудио снимки.

Во Дебрецен не е првпат да се случи ваков инцидент поврзан со расизам. Претходно и екипата на Нант има доживеано расистички навреди во Дебрецен.