Дебитантот во Супер лигата, КЛ7 почна со фаќање залет за новата сезона (ФОТО)

Екипата на КЛ7 која годинава ќе дебитира меѓу суперлигашите стартуваше со подготовките за новата сезона.

Тимот кој успеа да се најде меѓу екипите кои ќе разигруваат за пласман во плеј-офот во своите редови главно има млади ракометари кои допрва ќе имаат што да покажат.

Првиот дел од тренинзите ќе биде одработен на отворено, а потоа ќе се тренира и во сала и на отворено. Од 16 август подготовките продолжуваат надвор од Скопје.