ДВОЈНО ПРИЗНАНИЕ: Дибиров во идеалниот тим на колото, пируетата во ТОП 5 голови (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар го совладаа норвешкиот Елверум со 39-30 во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Еден од најдобрите на овој натпревар беше Тимур Дибиров, а тоа му донесе место во идеалниот тим на колото во елитното натпреварување.

Покрај ова признание, Дибиров доби уште едно. Неговиот гол со пируета доби место во ТОП 5 погодоци на колото според медиа тимот на ЕХФ.

Најдобрите голови во Лигата на шампионите може да ги погледнете ТУКА, а кој покрај Дибиров се најде во идеалниот тим може да погледнете ТУКА.