Двојна функција за екс репрезентативецот: Мите Стоилов ќе биде тренер-играч во Младост Богданци

Новиот суперлигаш Младост Богданци активно работи на составуање на тренерскиот и играчкиот кадар за првата сезона по камбекот во елитното друштво.

Поранешниот репрезентативец Мите Стоилов потпиша нов договор и во следните две сезони ќе има двојна улога во тимот – ќе биде и тренер и играч.

Покрај Стоилов, во наредната седмица се очекува и другите искусни ракометари што настапуваа лани да ги продолжат договорите со тимот од Богданци.Планот на раководството е до крајот на овој месец да биде формирана екипата, а најавени се засилувања и од странство.

Главната цел на повратникот во Суперлигата ќе биде опстанок, а сигурно гостувањето во „Млаз“ за многу екипи ќе биде незгодно.