Двојна круна за Марија Николиќ во Грција – ПАОК стана шампион!

Тимот на ПАОК од Солун, каде што настапува македонската репрезентативка Марија Николиќ ја продолжи доминацијата во Грција.

Откако лани беше освоена двојната круна, истото се случи и сезонава иако првенството не се играше до крај.

Во февруари ПАОК го освои Купот на Грција, а федерацијата на нашиот јужен сосед реши да го прекине првенството поради коронавирусот и прогласи шампион.

Лидерот на табелата ПАОК, ја освои титулата и ќе има шанса за настап во Лигата на Европа.