Две Македонки во полуфиналето на ЕХФ и Челинџ Купот

Во второто по квалитет клупско натпреварување, две македонски репрезентативки имаа меѓусебен дуел во четвртфиналето. Елена Ѓорѓиевска со Подравка беше поуспешна од Јована Саздовска со Турингер во двомечот и обезбеди полуфинале.

После победата на домашен терен од 27:23 Подравка и по вторпат слвеше и на реваншот во Германија со 34:28 со што потврди дека во овој момент е подобар противник. Јована Саздовска постигна еден гол, а Елена Ѓорѓиевска два пати ја погоди противничката мрежа.

Во останатите двобои Шиофок на супериорен начин обезбеди полуфинале против Кастамону откако славеше и во вториот натппревар овој пат на домашен терен со 40:20.

Оденсе во најнеизвесниот дуел ја елиминираше екипата на Тољати со вкупни 62:61 откако во реваншот победи 34:30 и ги надомести трите гола негатива од првиот меч. Хернинг Икаст е четвртата екипа во полуфиналето, а беа подобри од романската Бистрица и во вториот натпревар со 28:26.

И во третото по квалитет женско натпреварување Челинџ Куп се познати полуфиналните двојки. За место во финалето ќе се борат Локомотива Загреб и Наиса Ниш, додека вториот пар е шпанска пресметка Гранољерс против Ваљадолид.

Локомотива Загреб беше подобра во четвртфиналето од Бјеловар, а Наиса Ниш на двата дуела против Маедира кои се играа во Португалија успеа да победи многу лесно.  Македонската интернационалка Симона Стојановска постигна по едне гол на двата меча за српскиот тим.

Гранољерс беше подобар од Јуро Унирек, а Ваљадолид од Гуардеш.

Челинџ Куп, Резултати:

Ваљадолид – Гуардес 23:23 (26:22)
Јуро Унирек – Грањолерс 30:36 (26:25)
Локомотива Загреб – Бјеловар 28:21 (30:27)
Мадеира – Наиса Ниш 21:27 (19:33)