Две легенди на битолскиот ракомет повторно заедно на трибините (ФОТО)

Средбата меѓу Еурофарм Работник и Кокс е причина за уживање во убав ракомет, а денеска на трибините во салата „Боро Чурлевски“ во Битола има и доста познати личности.

Меѓу оние кои се издвојуваат се две ракометни легенди кои оставија длабока трага во битолскиот ракомет. Силјан Мицевски, кој беше дел од најдолемите успеси на ракометот во Битола како прв човек тогаш на Пелистер е во друштво со доста познато име, Гоце Гроздановски – Моцарт.

Станува збор за поранешен ракометар и легенда на Пелистер. Воедно после повлекувањето од активното играње тој беше дел од раководството на клубот и ја извршуваше функцијата секретар. И двајцата денеска можеа да се потсетат на убавите времиња кои ги живееше битолскиот ракомет во минатото.