Две индивидуални признанија за Алмеида, Илиќ најдобар голман на Ф4!

По финалето на завршниот турнир во Купот на Македонија во кое Куманово го освои Куп трофејот по победа над Вардар од 32:31 беа доделени и индивидуалните признанија.

Наградата за најкорисен играч на турнирот односно МВП отиде во рацете на Андреза Алмеида, која беше клучен фактор за освоениот Куп трофеј на Куманово.

Бразилката го доби и признанието за најдобар стрелец, бидејќи во мрежата на ,,црвено-црните” постигна 11 погодоци.

За најдобар чувар на мрежата беше прогласена голманката на Вардар, Андреа Илиќ.

Бранителот на трофејот од минатата сезона, Металург оваа сезона се откажа од завршниот турнир, иако имаше обезбедено пласман.

Граматова е херој, Куманово ја доби драмата со Вардар за Куп трофеј