Данска и Исланд со атомски 20 минути, светскиот првак чекор поблизу до полуфинале

Актуелниот светски првак Данска, продолжува со победничкиот ритам и со сигурниот чекор на патот кон полуфиналето откако денеска го совлада составот на Исланд со 28:24 во натпревар во кој можеше да се следи одличен ракомет.

Од почетокот на средбата се следеше атомски ракомет. Цели 20 минути мрежите се тресеа постојано и можеше да се следи како и на едната и на другата страна стрелците успеваат да се истакнат и да дојдат до погодок плус.

Ваквата игра најави средба во која ќе има неизвесност и возбудувања до крај, но Данците не се согласуваа со овој момент бидејќи откако на почетокот беа во негатива и мораа да играат брзо за да парираат и да останат во игра во завршницата на првото полувреме успеаја да се изборат за пресврт и да дојдат до предност од три гола. Имаа водство од 17:14 на полувремето.

Во вториот дел искуството дојде до израз. Данците знаеја што сакаат. Иако голманите не беа на вообичаеното ниво, сепак, добрата и концентрирана игра, искуството кое се има од постојаното играње на силни средби дојде до израз.

Почна потрпеливо играње во напад, трошење на време кое даваше резултат. Исланд и покрај обидите да направи пресврт односно прво да фати приклучок играше претешко и не можеше да намали повеќе од два гола. Оттаму Данска имаше мирна завршница на средбата. Успеа сигурно да го приведе овој дуел кон крај и на крајот да биде 28:24 што е сосема доволно со нови два бода се дојде до убава позиција пред следниот дуел на кој може да се направи уште еден чекор кон полуфиналето.

20 јануари 2022
28 - 24
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
20 јануари 2022 22:04 EURO22 1GRUPA 2021/2022 20.01.2022 60'

Место

МУЛТИФУНКЦИОНАЛНА АРЕНА БУДИМПЕШТА

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ДАНСКА1728Победа
ИСЛАНД1424Пораз

ДАНСКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Никлас Ландинголман00
3Никлас Вест Киркелокедесен бек00
4Магнус Ландинлево крило21
7Емил Јакобсенлево крило04
11Расмус Лауге Шмитцентрален бек01
15Магнус Саугструп Јенсенпивот13
17Ласе Свандесно крило05
18Ханс Линдбергдесно крило00
20Кевин Мелерголман00
21Хенрик Мелгард Јенсенцентрален бек00
22Мадс Менсах Ларсенлев бек00
23Хенрик Тофт Хансенпивот00
24Микел Хансенлев бек05
32Јакоб Холмлев бек00
33Матијас Гидселдесен бек09
34Симон Халд Јенсенпивот10
 Вкупно 428

ИСЛАНД

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Јанус Смарасонцентрален бек24
7Виго Кристјансондесен бек00
11Имир Гисласонпивот10
14Омар Магнусондесен бек08
16Виктор Халгримсонголман00
18Елиди Видарсонпивот01
19Даниел Тор Ингасонлев бек11
20Агуст Бјоргвинсонголман00
21Арнар Арнарсонпивот12
22Сигвалди Бјорн Гудјонсондесно крило01
23Кристјан Кристјансондесен бек00
24Теитур Орн Ејнарсондесен бек02
28Ори Фреј Торкелсонлево крило02
36Елвар Асгеирсонлев бек13
 Вкупно 624

Officials

Судии:
Матијас Ватервик -Шведска
Мирза Куртагиќ -Шведска

ЕП 2022, ГРУПА 1 – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ФРАНЦИЈА550010
2ГЕРМАНИЈА52125
3УНГАРИЈА52034
4ИСЛАНД52034
5АВСТРИЈА51224
6ХРВАТСКА51133