Данската ѕвезда нема да игра до крајот на сезоната!

Данскиот репрезентативец Матијас Гидсел нема да се врати на терените најмалку до крајот на сезоната.

22-годишната ѕвезда во подем се повреди на мечот против Франција за третото место на Европското првенство уште на стартот и не се враќаше во игра.

Прегледите покажаа дека има ги има скинато предните вкрстени лигаменти на коленото и мора на операција.

Тоа значи дека пауза од најмалку шест месеци, а според ова Гидсел нема да заигра за неговиот актуелен клуб ГОГ Гудме, бидејќи на лето се сели во Бундес лигата.

Десниот бек од лето ќе стане ракометар на Фуксе Берлин.