Давор Стојановски: ЕХФ и СЕХА не информираа, дуелите со Нексе и Пик Сегед се одложени

Директорот на екипата на Вардар, Давор Стојановски денеска објасни што и како се случуваше денеска кога дојде до информации од СЕХА и од ЕХФ за одлагање на натпреварите.

„Добивме информација од СЕХА дека натпреварот против Нексе е откажан, а точниот термин за одигрувње дополнително ќе го дознаеме. Покрај ова пред овој пред ни пристигна известување и од ЕХФ дека натпреварите против Пик Сегед се откажани“, рече Стојановски.

Тој вели дека во моментов младинските тимови не тренираат, а одлуката за сениорскиот состав ќе биде на тренерот.

„За младите категории донесовме одлука сите да престанат со тренинзи. Со добивањето на денешната информација за одлагање на натпреварите останува тренерот да одлучи до кога ќе има тренинзи“.

Инаку, од клубот уште вчера имаа доставено барање за одлагање на дуелот против Нексе, а иако синоќа првично имаше информација дека натпреварот ќе се игра без публика денеска, сепак, дојде до одлагање.

„Клубот вчера испрати барање за откажување на натпреварот. Очекувавме позитивно известување и така се случи. Денеска имавме разговор со клубовите. Доколку ЕХФ не донесеше ваква одлука ние ќе доставевме барање и ќе побаравме да има одлагање“, изјави директорот Стојановски.

Натпреварот против Нексе требаше да се игра в недела од 20:15 часот. Против Пик Сегед во Скопје дуелот беше закажан на 22 март, а реваншот на 29 март. И двете средби беа предвидени за 17 часот.