Давитковски верен на Бутел Скопје – потпиша нов договор

По средниот бек Димитар Ѓоргиевски, уште еден ракометар од актуелниот играчки кадар на Бутел Скопје ја продолжи верноста кон клубот.

Десниот бек Кристијан Давитковски стави потпис на нов договор на две сезони со Бутел Скопје.

„Одлучив да го продолжам договорот со Бутел Скопје. Станува збор за амбициозен клуб, одлична средина за мене, овде сум веќе две сезони и знам дека можам уште повеќе да напредувам во кариерата“, вели Давитковски.

Бутел Скопје го очекуваат натпревари со Алкалоид и Охрид на домашен терен, како и со Пролет на гости до крајот на сезоната, во која одново може да се избори за место во европските купови.