Грците пак прават скандал – реагираа до ЕХФ за името „Македонија“ на линковите за пренос!

Покрај Исланд и Литванија, трет противник на женската репрезентација на Македонија во квалификациите за пласман во баражт за Светското првенство ќе биде нашиот јужен сосед.

Секое гостување на јужниот сосед во нашата држава не може да мине без проблем. На раководството на тамошната федерација му сметало името „Македонија“ напишано на линковите за преносите на You Tube, а поради тоа реагирале и во Европската ракометна федерација.

Тие побараа од ЕХФ да биде променето со новото име, но на крајот организаторот имињата на државите во линковите за пренос ги промени со официјалните кратенки.

Дуелот меѓу Македонија и јужниот сосед се игра в недела со почеток од 17:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Ова не е првпат, јужните соседи да прават драма во нашиот главен град. Првиот пат беше кога се играше женскиот кадетски шампионат, а јужниот сосед не сакаше да се појави на терен само поради спортската опрема на нашиот стручен штаб на кое стоеше името „Македонија“. Потоа ЕХФ ја исклучи репрезентацијата на јужниот сосед од шампионатот, а нивната федерација плати казна.