Грузиецот што своевремено го бараше Вардар има нов клуб

Шампионот на Швајцарија, Винтертур доби големо засилување за новата сезона. Станува збор за младиот репрезентативец на Грузија, Гиорги Цковребадзе.

Десниот бек од Грузија од 2018 година го носи дресот на француската екипа, Монпелје, не добиваше голема минутажа, па во Винтертур заминува како позајмен играч.

Цковребадзе во Винтертур ќе остане една сезона и не е исклучена опцијата повторно да се врати во Монпелје. За овој 20-годишен ракометар постоеше интерес од Вардар пред да замине во Франција, но трансферот не се реализираше.

Десниот бек беше најдобар стрелец на Грузија во претквалификациите за ЕП 2022 и даде 43 гола, а во Лигата на Европа со Монпелје играше на три меча и даде шест гола.