Гроздановска прва ѕвезда во победите на Винтертур

Екипата на Винтертур во која настапува македонската интернационалка, Симона Гроздановска одигра одличен натпревар во шампионатот на Швајцарија и славеше убедлива победа против Амичитија Цирих со 28:18.

Во Винтертур стандардно најефикасна беше токму Гроздановска која натпреварот го заврши со осум гола од 11 обиди и уште еднаш покажа дека на нејзе може да се смета за репрезентативниот дрес.

Моментално, Винтертур има забележано две победи од три одиграни натпревари. На табелата екипата се наоѓа на 4. позиција од вкупно осум учесници во оваа сезона.

Во следното коло, Гроздановска и нејзините колешки гостуваат кај незгодната екипа на Цуг. Натпреварот е закажан за наредната сабота со почеток од 17:00 часот.