Гроздановска незапирлива, постигна 15 погодоци против Нотвил

Екипата на Винтертур, во која настапува македонската интернационалка-Симона Гроздановска, на свој терен прослави убедлива победа против Нотвил, со резултат 33:27, во натпревар од плеј-оф фазата во шампионатот на Швајцарија.

Гроздановска беше предводник во победничката екипа и убедливо најефикасна на натпреварот. Ракометарката од Македонија во противничката мрежа постигна 15 погодоци.

Македонката имаше 100% реализација од линијата од седум метри, односно седум погодоци, од исто толку обиди.

Винтертур во плеј-оф фазата се наоѓа на 4. позиција на табелата со 18 бодови, додека третопласираната екипа, Брул, има 26 бодови. Два бода повеќе од Брул (28) има второпласираниот Нотвил, а актуелниот лидер, Цуг, има 30 бодови на свое конто.