„Грешка е што Серафимов игра во Прва лига“

Поранешниот македонски репрезентативец и актуелен тренер на Тиквеш, Горан Андоновски дава максимална поддршка на стручниот штаб на Кирил Лазаров во националниот тим.

Сепак истовремено посочува и на некои работи кои не му се допаѓаат во репрезентацијата.

„Во моментов имаме млад и перспективен стручен штаб, предводен од легенда како Кирил Лазаров кој сметам дека допрва ќе се докаже и како селектор. Но, пак, се враќаме на моето – потребно е време и да им се даде простор од два-три циклуси. Верувам дека имаме иднина, но ракометот е многу отиден напред и затоа мора и ние модерно да размислуваме. Потребно е повеќе внимание да се посвети на играчите кои играат во два правци, затоа што во денешно време со брз центар, една измена може скапо да чини. Факт е дека ние немаме многу играчи кои играат во два правци и тука најмногу доцниме. Исто така мислам дека е грешка што еден Серафимов, кој заедно со Велковски, треба да биде замена за Лазаров игра во Прва лига. Не ги оспорувам перфектните услови за тренинг и работа кои ги има во РК Алкалоид, но потребни му се силни натпревари со Супер лигата. Според мене и тој и Ѓоргиев и Симоновски, требаше да бидат пуштени на позајмица во некој од клубовите кои играат во суперлигашкиот плеј-оф. Тоа е за доброто на македонскиот ракомет. Со играње во Прва лига искрено мислам дека назадува, или во најмала рака стагнира, а играч како него ни е потребен во репрезентацијата“, вели Андоновски.

Целосното интерву со Андоновски прочитајте го во продолжение…

ИНТЕРВЈУ ГОРАН АНДОНОВСКИ: Тиквеш ја врати ракометната традиција во Кавадарци, сега цели кон Европа!