Гренланд обезбеди место на Мундијалот!

По завршувањето на шампионатот на Северна Америка и Кариби, познат е патникот на Мундијалот во Данска, Шведска и Норвешка.

Тоа е Гренланд, кој го искористи домашниот терен во Нук и славеше против Канада со 17-15 во финалниот натпревар.

Ова е втор пласман на Светско првенство за женската репрезентација на Гренланд, откако претходно играат на СП 2001 година.

Сега се познати 30 учесници на СП во Скандинавија, а ИХФ во следниот период треба да додели уште две вајлд-карти за да биде комплетиран списокот.