Го прославија крајот на сезоната, завршија со 11 позитивни на Ковид-19!

Екипата на Брест од Франција која играше во финалето од Лигата на шампионите во женска конкуренција имаше прослава за крајот на сезоната, но очигледно ќе се памети долго ова славење кое заврши со 11 позитивни случаи на Ковид 19.

После финалето во Лигата на шампионите, ракометарките се возеа на двоспратен автобус и го славеа успехот заедно со своите навивачи бидејќи имаа успешна сезона во која освоија и двојна круна во Франција.

Исто така на 31 мај беше организирана и забава на која имаше 60 лица, но оваа забава беше со лоши резултати по здравствениот биланс.

Вкупно 11 лица кои биле на забавата се позитивни, а меѓу нив има и ракометарки и други лица кои биле присутни на истата. Инаку, добар дел од ракометарките ги очекуваат подготовки за Олимписките игри во Токио.