Го постигна првиот гол во кариерата, па им го посвети на сопругата и синот (ФОТО+ВИДЕО)

Еурофарм Пелистер по 16 години донесе трофеј во ракометна Битола, откако го освои Суперкупот.

Битолчани го победија убедливо шампионот Вардар со 31-22, а еден од најзаслужите за триумфот беше унгарскиот репрезентативен голман Мартон Секељ.

Тој собра 12 интервенции, а покрај тоа успеа да постигне и еден погодок, кој му е прв во кариерата.

„Браво за мојот тим. Првиот гол за мене во кариерата сакам да им го посветам на сопругата и синот“, напиша Секељ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Márton Székely (@martonszekely)