Го поврзуваа со трансфер во Македонија, но ќе се пресели во Франција

Екипите ширум Европа веќе започнаа да ги формираат составите за наредната сезона и сè повеќе се појавуваат информации за нови трансфери на ракометари.

Според информациите на францускиот „Миди Либре“, хрватскиот репрезентативен пикер и член на ППД Загреб, Марин Шипиќ од следната сезона би требало да го засили францускиот тим Монпелје.

Шипиќ најверојатно ќе биде замена за Алексис Боргес кој после оваа сезона ќе го напушти Монпелје и ќе се приклучи на Бенфика. Освен Хрватот уште еден ракометар се најавува како засилување на Монпелје, а тоа е Карл Конан кој ќе ја засили одбраната.

Овие трансфери не се потврдени но се очекува во најскоро време нивно официјализирање. За Шипиќ ова ќе бие прво искуство надвор од својата земја, а претходно има настапувано за Вараждин, Нексе и од 2019 е член на ППД Загреб. Беше поврзуван и со трансфер во Македонија, но тој нема да се реализира.