Го победи канцерот, се враќа на ракометните терени

Ракометарот на Кадетен Шафхаузен, Дмитриј Кутел по скоро десет месеци пауза денес повторно ќе има можност да заигра на теренот.

Искусниот ракометар на швајцарскиот тим поради рак на лимфните жлезди мораше да најави пауза од ракометот. Поради тоа, раководството на Кадетен Шафхаузен неговата позиција ја пополни со ракометарот од Унгарија, Донат Барток.

Неговата терапија беше успешно завршена и ракометарот посака побрзо враќање во ракометните води. Последниот настап, Кутел го имаше на 17 ноември минатата година против Еурофарм Пелистер во рамките од Лига на Европа.

Во денешниот натпревар од швајцарската лига, Кадетен Шафхаузен за противик ја има екипата на Амичитија Цирих.