Го напушти Ростов поради Украина, започна од нула и за еден месец освои две титули!

Репрезентативката на Украина, Викторија Боршенко, која на почетокот на месец март го напушти Ростов Дон поради ситуацијата во Украина и замина од Русија оставајќи ги финансиските средства во „зборнаја“, успеа со екипата на Бенфика да ја освои дуплата круна во Португалија.

Во финалето од Купот на Португалија, Бенфика дојде до победа против екипата на Колеџио Де Гаја, со резултат 38:31. За Бенфика освоениот трофеј беше прв по пауза од 30 години, односно седми Куп трофеј во својата клупска историја.

Искусната ракометарка на Украина во финалниот натпревар од Купот на Португалија беше меѓу главните стрелци, постигна пет погодоци и имаше неколку асистенции кон нејзините соиграчки.

За потсетување, Боршенко по заминувањето од Русија краток период беше во Летонија. Екипата на Бенфика пред околу еден месец ја освои и националната титула обезбедувајќи место на европска сцена за следната сезона.

Украинците масовно ја напуштаат Русија – Боршенко замина од Ростов Дон, Илченко од ЦСКА Москва