Го „извадија“ од карантин за да игра во националниот тим

Репрезентативецот на Белорусија, Андреј Јуринок е последниот од играчите на Мешков Брест, кои добија покани од националните тимови за квалификациите за ЕП.

Поголемиот дел од ракометарите беа повикани, но сите останаа во Брест, затоа што екипата мораше во карантин по големиот број позитивни случаи.

ЕХФ го одложи натпреварот меѓу Белорусија и Италија, но веројатно ќе се игра вториот со Летонија, а селекторот Јури Шевцов мораше да го „извади“ од карантин левото крило на Мешков за да му помогне на националниот тим.

Тој им се приклучува дополнително на колегите од другите белоруски тимови, кои почнаа со тренинзи. Инаку, во Белорусија останаа репрезентативците на Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска… затоа што не добија дозвола да ја напуштат земјата.