Го бараше Металург, но замина на печалба во Катар

Чешкиот репрезентативец Ондреј Здрахала, кој беше ноќна мора за нашите ракометари на дуелите меѓу Македонија и Чешка, во новата сезона ќе игра за катарскиот тим Ал Вакра.

Имаше комбинација Здрахала да се пресели во тимот на Металург, но таа не се оствари и тој реши да замине на печалба во Катар, каде ќе остане само една година.

35-годишниот универзален бек претходно беше дел од Висла Плоцк, норвешките Бодо и Tондер, швајцарскиот Сент Гален, словачката Повашка Бистрица, германскиот Рајнленд…

Тимот од Автокоманда во меѓувреме се договори со босанскиот репрезентативец Марко Тарабокија.